Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса поврзана со фронтална долина со постуден воздух од северозапад, денес (четврток, 4 септември 2025) времето во државата ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се очекува поинтензивна нестабилност во форма на краткотрајно невреме со обилен пороен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и можност за појава на град.
Апелираме на зголемена внимателност во сообраќајот и при престој на отворено, особено во претходно поплавувани зони и на потези каде што е можно краткотрајно задржување на вода.
Во Скопје и скопската котлина, во наведениот период ќе биде променливо облачно и нестабилно, со повремени поројни врнежи, грмежи и засилен ветер, со услови за локално невреме во делови од котлината.