Земјотрес со епицентар во соседна Албанија денеска беше почувствуван во Охрид, Струга и околината. Според Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, телеметриската сеизмолошка мрежа го регистрирала потресот во 11 часот и 28 минути, на оддалеченост од околу 155 километри југозападно од Скопје, со локална магнитуда ML 3,8.
Од опсерваторијата наведуваат дека, според досегашните податоци, земјотресот бил почувствуван со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала. Граѓаните кои го почувствувале потресот се повикуваат да достават информации за осетеноста за потребите на сеизмолошките истражувања или да се јават на 112.