И денеска воздухот во Скопје е екстремно загаден

Фото: Надица Манева

Загаденоста на воздухот во Скопје и во текот на денешниот ден е прилично висока.

Според светскиот сервис IqAir Скопје во 13.00 часот денеска е на 24 место во светот и на трето место во Европа по загаденост.

Инаку, вчера Министерството за животна средина алармираше дека е надминат прагот на алармирање и излегоа со мерки и препораки до институциите и граѓаните.

Загадувањето во Скопје е децениски проблем особено во зимскиот период и времетраењето на грејната сезона.

Зачлени се на нашиот е-билтен