Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

И дивите животни страдаат од високите температури, да им помогнеме

Алармантно високите температури и штетните сончеви зраци не се закана само за луѓето и тие секако треба да ги преземат сите мерки за да се заштитат.

Но, исклучително високите температури заради климатските промени се загрожувачки и за домашните и дивите животни.

Видео споделено од Фејсбук групата Хуманитарни акции во Македонија прикажува хуман човек кој успешно спасува штрк изнемоштен од високите температури и од дехидрација затоа што најверојатно не бил во состојба да дојде до езера, реки или други водени површини.

Станува збор за хуманиот спасител е Мики Станојковиќ од Богородица, Гевгелиско, кој бил сведок на ситуација кога штркот паднал на земја дехидриран.

Од видеото се гледа дека на штркот бргу му се вратени виталните функции и со тоа ова видео, задно со пораката да им помогнеме на дивите животни, е апел, секој во рамките на своите можности да постави садови си вода и храна за да им биде од пристап на животните во овие денови на тропски жештини.

Треба да знаете
Moже да ве интересира