И ДУИ бара одговори: Меџити да каже дали се сретнал со Александар Вулин

Демократската унија за интеграција од кандидатот за градоначалник на Чаир, Изет Меџити, бара одговор дали имал средба со српскиот вицепремиер, Александар Вулин.

Интегративците во партското соопштение нагласуваат дека во интерес на транспарентноста и правото на граѓаните на информираност, ја отвораат дилемата бидејќи јавноста заслужува одговори: Дали во февруари 2025 година, во кабинетот на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, во присуство на заменик-премиерот Стоилковиќ, се одржала средба меѓу Изет Меџити и Александар Вулин, на која била разгледувана и координирана значајна српска инвестиција во „Битолска Банка“?, се вели во соопштение од ДУИ.

Доколку овие информации се точни, јавноста мора да биде запознаена со мотивите, содржината и последиците на таков состанок. Секоја непрозирност во врска со меѓународни финансиски интереси отвора сериозни сомнежи за политичко влијание и зависност.

Затоа, ги повикуваме сите инволвирани страни – градоначалникот на Куманово, заменик-премиерот Стоилковиќ и Изет Меџити  да дадат јасни и навремени појаснувања пред јавноста.

 „Транспарентноста е темел на јавната доверба! Ние нема да дозволиме сенки и сомнежи да ја загрозат иднината на државата!“ изјавуваат од Демократската унија за интеграција.

„Граѓаните заслужуваат јасни и навремени одговори! Секој таен договор кој вклучува странски финансиски интереси носи ризик од политичка зависност и влијание! Македонија не смее да биде заложник на сенки и непрозирни договори!“ порачаа од ДУИ.

ДУИ ја нагласува својата непоколеблива заложба за отвореност и демократска одговорност.

„Ќе инсистираме на целосна транспарентност! Ќе ја браниме јавната доверба! Ќе спречиме било какви обиди за прикривање од јавноста! Народот мора да знае вистината!“

Зачлени се на нашиот е-билтен