Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

И „Гоу Грин“ се спротивставува на измената на Законот за урбанизам по брза постапка


Загрижени сме за најновата предлог-измена на Законот за урбанизам која се носи по брза постапка, без соодветна јавна дебата и учество на засегнатите граѓани и граѓанскиот сектор. Оваа промена не само што го исклучува гласот на јавноста, туку и претставува закана за нашето јавно добро. Со оваа измена, ќе се овозможи уништување на јавни простори и непочитување на постоечките квалитетни законски решенија. Дополнително, изградбата на гаражи за автомобили ќе го зголеми бројот на возила на улиците, наместо да се поттикне користење на алтернативни и еколошки превозни средства“, реагираат од Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Гоу Грин“- Скопје.

Оттаму сметаат дека „ваквиот пристап не е во интерес на граѓаните и околината и се надеваме дека оваа измена на закон нема да биде изгласана“.

„Ако навистина министерот за транспорт сака да прави промени на законите, го советуваме да се фокусира на подобрување на велосипедската и пешачката инфраструктура. Овие промени треба да се спроведуваат со унифициран и универзален дизајн, што ќе го олесни користењето на алтернативни превозни средства и ќе придонесе за почист и попријатен град за сите нас“, се наведува во реакцијата од Гоу Грин.

Претходно со реакција на предложените законски измени излезе и Иницијативата О2.

Зачлени се на нашиот е-билтен