И ѓубрето не е собрано – Белгија е во колапс, граѓаните на генерален штрајк

Работниците од аеродромите, училиштата, болниците, јавната администрација и јавниот превоз во Белгија излегоа денеска на штрајк, следејќи повик од два најголеми синдикати кои се спротивставуваат на предлогот за реформи на новиот премиер, фламанскиот конзервативец Барт Де Вевер. Дури и ѓубрето е оставено на улица бидејќи во штрајк се и комуналните претпријатија

Христијанскиот синдикат CSC и социјалистичкиот FGTB протестираат пред се против предлогот за укинување на пензиските права по посебни прописи и усогласување на возраста за заминување во пензија за сите државни службеници со онаа за вработените во приватниот сектор (која сега изнесува 66 години). Тие сметаат дека ова претставува “социјално назадување”.

Министерот за пензиски систем Јан Јамбон, кој потекнува од премиерската партија N-VA, истакнал дека ако не се преземат мерки, трошоците за пензискиот систем ќе се зголемат за 14 милијарди евра во следните пет години.

Културниот сектор исто така повика на протести против реформата за статусот на уметниците, а други протести ќе се одржат пред вратите на зградите на јавната администрација и компании.

Штрајкот ги вклучи и вработените во приватниот сектор, како што е Лука во Антверпен. Поради штрајкот беа откажани сите комерцијални летови од аеродромите Брисел-Завентем и Шарлероа. Во Брисел беше нарушен и јавниот превоз, а прекинат беше и водениот транспорт меѓу Црното Море и Гент.

Овој општ штрајк, кој траеше 24 часа и вклучуваше и затворски чувари, вработени во болници и компании за собирање отпад, дел од поголемата мобилизација која започна оваа зима против предлозите на коалицијата на Де Вевер за реструктурирање на јавните финанции. Белгија е меѓу земјите членки на ЕУ на кои им се покрени постапки за прекумерен дефицит.

Мобилизацијата достигна свој врв десет дена по формирањето на новата влада, кога на протестот во Брисел присуствуваа 60.000 луѓе, според податоците на полицијата.

“Масивноста и бројот на социјалните ретресии што ги предвидува оваа влада се без преседан”, изјави синдикатот FGTB, кој се загрижени и поради предлогот да се ограничи правото на надомест за невработеност на само две години.

Зачлени се на нашиот е-билтен