И Норвешка го одби Трампо за членство во „Комитетот за мир“

Вклучувањето на таканаречената „повелба“ во писмото со покана предизвика загриженост кај некои европски влади дека новата иницијатива би можела да ја поткопа работата на Обединетите нации, кои Трамп претходно ги обвини дека не ги поддржуваат неговите напори за прекин на конфликтите низ целиот свет.

Норвешка нема да учествува во „Комитетот за мир“ на американскиот претседател Доналд Трамп, како што е моментално презентирана иницијативата, изјави денес заменик-министерот за надворешни работи на Норвешка, Андреас Мотцфелд Кравик, објави Ројтерс.

Трамп претходно испрати писмо до неколку лидери на десетици земји во кое ги покани да учествуваат во Комитетот за мир, кој Трамп би го претседавал доживотно, а чии земји-членки би имале мандат од три години, освен ако не платат по една милијарда долари за финансирање на активностите на Комитетот, со што би добиле трајно членство.

„Тоа едноставно нуди трајно членство на партнерските земји кои покажуваат длабока посветеност на мирот, безбедноста и просперитетот“, соопшти Белата куќа на платформата X.

Некои лидери дадоа нејасни одговори, при што италијанската премиерка Џорџа Мелони рече дека нејзината земја е „подготвена да го направи својот дел“, додека канадскиот премиер Марк Карни рече дека Отава се согласила „во принцип“, истакнувајќи дека се потребни повеќе детали.

Од друга страна, францускиот претседател Емануел Макрон не планира да ја прифати поканата на американскиот претседател Доналд Трамп да се приклучи на предложениот Комитет за мир, изјави за Блумберг извор близок до францускиот лидер.

Израел јавно ја критикуваше американската администрација кога кабинетот на премиерот Нетанјаху го отфрли составот на Извршниот комитет за Газа на Трамп, велејќи дека тој не е усогласен со израелската политика.

Вклучувањето на таканаречената „повелба“ во писмото со покана предизвика загриженост кај некои европски влади дека новата иницијатива би можела да ја поткопа работата на Обединетите нации, кои Трамп претходно ги обвини дека не ги поддржуваат неговите напори за прекин на конфликтите низ целиот свет.

Зачлени се на нашиот е-билтен