Полска ќе има своја мисија на Меѓународната вселенска станица (МВС), најави денес полската новинска агенција.
Технолошката мисија на Полска на МВС ќе се вика „Игнис“, а во неа ќе учествува полскиот астронаут Славош Ујнански кој ќе биде дел од меѓународната мисија „Еј-Екс-4“.
Директорот на Полската вселенска агенција Гжегорж Врочна изјави дека мисијата „Еј – Екс“ ќе почне напролет.