По изборот на првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити за градоначалник на Чаир, Беким Сали ќе го замени само во делот прв вицепремиер. За министер за животна средина коалицијата „Вреди“ ќе предложи друг кандидат. Ваквата информација за јавноста денеска ја соопшти партискиот портпарол, Дритон Сулејмани.
Со тоа, од сегашните 6 министри, „Вреди“ ќе има 7, но со тенденција во претстојната владина реконструкција тој број да порасне барем за уште еден ресор/министер.
Со ваквите најави од коалицискиот партнер „Вреди“, само се потврди најавата на премиерот Христијан, за реконструкција на Владата, кој пред стартот на активностите за локалните избори рече дека ќе има промени во палатата на Илинденска.
Инаку, со Законот за организација и работа на органите на државната управа, наместо досегашнте 16 министри, владата на Мицкоски брои 20 минисатерства, а има 24 министри со оглед дека четири се министри без ресор.
ВМРО-ДПМНЕ, Вреди и Знам, со помош на ДУИ, ова законско решение го изгласаа во Собранието, веднаш на почетокот на доаѓањето на власт.

