Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Иако борбата е неизвесна, последните анкети укажуваат дека гласачите се наклонети кон Харис

На два дена пред гласањето во вторник, кандидатот од Демократската партија Камала Харис и републиканецот Доналд Трамп, се во тесна битка во седумте сојузни држави кои ќе го одредат исходот од изборите, се дознава од најновата анкета на лондонски „Тајмс“ спроведена од YouGov.

Анкетата укажува дека кандидатката на демократите е лидер во четири од седумте „колебливи“ држави што може да и донесе победа. Разликите се на ниво на статистичка грешка со што исходот од гласањето е максимално неизвесен.

Според анкетата, потпретседателката Харис има мала предност во Невада (48% против 47%), Висконсин (49% против 45%), Пенсилванија (49% против 46%), Мичиген (48% против 45%) и Невада (48% против 47%)  додека поранешниот претседател Трамп води Северна Каролина (49% против 48%) и Џорџија (48% против 47%). Во Аризона двајцата имаат еднаква подршка, по 48 отсто секој.

Ако резултатите од гласањето во вторник биде такво како во горенаведените анкети. Каднидатот од демократите ќе добие 276 електорални гласови со што ја надминува границата од 270 гласови потребни за победа.

Изданиетот „Хил“, наклонето кон републиканците, се повика неделава на анкета на Marist дека Харис води во три држави од „синиот ѕид“ кои можат да имаат решавачка улога за нејзиниот пат кон претседателство.

Обајцата кандидати овој викенд водат заклучни митинзи и средби со избирачите во државите каде што се води оваа борба: Трамп денеска настапува во Пенсилванија, Северна Каролина и Џорџија, а Харис во Мичиген.

Борис Камчев од Вашингтон, специјално за Рацин.мк

Зачлени се на нашиот е-билтен