ИДФ: Хамас му предаде на Црвениот крст во Газа уште едно тело на заложник

Црвениот крст ќе го предаде ковчегот на израелските војници во Газа, каде што ќе се одржи церемонија предводена од воен рабин, објави „Тајмс оф Израел“.

 Израелската армија објави дека добила информација од Црвениот крст дека презела ковчег од Хамас во јужна Газа со она што се верува дека е тело на убиен заложник.

Црвениот крст сега ќе го предаде ковчегот на израелските војници во Газа, каде што ќе се одржи церемонија предводена од воен рабин, објави „Тајмс оф Израел“.

Военото крило на палестинската милитантна група Хамас претходно објави дека вечерва во 20 часот по локално време ќе му предаде на Израел уште едно тело на заложник.

Хамас соопшти дека телото на заложникот било пронајдено вчера.

Групата треба на Израел да му ги предаде телата на уште 16 заложници, согласно договорот за прекин на огнот од Шарм ел Шеик.

Зачлени се на нашиот е-билтен