ИДФ: Иран истрела 400 балистички ракети, но околу 20 погодија цели во Израел

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека од 13 јуни Иран истрелал над 400 балистички ракети и околу 1.000 дронови врз Израел.

Нешто повеќе од 20 балистички ракети погодиле урбаните области во Израел, при што загинаа 24 луѓе, над 500 се повредени, а предизвикана е и голема штета.

ИДФ наведува дека од 1.000 беспилотни летала, но помалку од 200 навлегле во израелскиот воздушен простор. ИДФ тврди дека сите ирански дронови биле пресретнати од израелските воздухопловни сили и морнарицата. 

Зачлени се на нашиот е-билтен