Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ИДФ: Команден центар на Хамас пронајден под детска болница во Газа

– Портпаролот на ИДФ Даниел Хагари изјави дека елитната единица командоси Шајетет 13 на морнарицата и 401-та оклопна бригада извршиле рација во болницата Рантиси во градот Газа, во која се лекувале деца, и оти таму биле заробени оперативци на Хамас.

– Под болницата, во подрумот, најдовме команден и контролен центар на Хамас, самоубиствени елеци, гранати, автомати АК-47, експлозивни направи, ракетни гранати и друго оружје, рече Хагари на прес-конференција на англиски јазик, пренесе „Тајмс оф Израел“.

– Најдовме и знаци кои укажуваат дека Хамас таму држел заложници, рече тој, додавајќи дека тоа сè уште е под истрага, но оти ИДФ имаат разузнавачки информации за да го потврдат тоа.

– Дополнително, најдовме докази дека терористите на Хамас се вратиле од масакрот на 7 октомври во оваа болница, меѓу другите, откако ги касапеа Израелците во нивните домови, рече Хагари.

– Хамас се крие во болниците. Денеска, ние ќе го изложиме ова на светот, нагласи тој.

Хагари изјави дека ИДФ од минатата недела работат на тоа да овозможат безбедна евакуација на пациентите од Рантиси, како и од другите болници во северна Газа.

– Израел им помогна на менаџерите на болницата да ги евакуираат пациентите во побезбедна болница, рече тој, додавајќи дека ИДФ биле информирани дека последните 18 пациенти од Рантиси биле безбедно евакуирани.

– Ова е затоа што нашата војна е против Хамас, а не против народот на Газа. Особено не болните, жените и децата … Нашата војна е против Хамас кој ги користи како жив штит, нагласи Хагари. 

Зачлени се на нашиот е-билтен