Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ИДФ: Системот „Ероу“ пресретна и уништи ракета лансирана од Црвено Море кон Израел

– Израелскиот противвоздушен систем „Ероу“ денеска пресретна ракета земја-земја лансирана од „област во Црвено Море“, соопшти израелската армија. 

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека воздушните системи ја следеле траекторијата на ракетата и ја пресретнале „во оперативно најдобро време и локација“. 

„Тајмс оф Израел“ јави дека се верува дека ракетата била истрелана од јеменските Хути, кои се поддржани од Иран, и дека била насочена кон најјужниот израелски град Елијат. 

Ова е првата оперативна употреба на системот „Ероу“ во актуелната војна, додаде израелската војска. 

ИДФ соопшти дека утринава нивните борбени авиони над Црвеното Море собориле „непријателски цели“, за кои се верува дека се беспилотни летала. 

„Сите закани се запрени надвор од територијата на Израел. Не е забележан упад на нашата територија“, соопшти ИДФ.

Зачлени се на нашиот е-билтен