Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ИДФ тврди дека елиминирала околу 20 терористи во Појасот Газа

Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија дека во изминатите 24 часа убиле околу 20 терористи и погодиле над 50 цели на Хамас во Појасот Газа, а вклучително и лансирни рампи, складишта за оружје, тунели и друга воена инфраструктура.

– За време на операциите во западниот дел на Кан Јунис, кои траат со недели, уапсени се десетици терористи на Хамас и Исламски џихад кои се криеја меѓу цивилното население и се обидоа да побегнат од областа, објави ИДФ на Телеграм.

Војната во Појасот Газа беше иницирана од нападот на Хамас врз јужен Израел на 7 октомври, при што загинаа 1.200 луѓе, а беа 250 лица. Израел возврати на нападот со цел да го уништи Хамас и да ги врати заложниците.

Според здравствените власти под контрола на Хамас, досега се убиени 30.534 Палестинци, меѓу кои се цивили и борци. 

Зачлени се на нашиот е-билтен