Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Идната кралица на Шпанија, принцезата Леонор, ја продолжува воената обука

Како и во сите парламентарни монархии, престолонаследникот мора да има воена кариера. Во догледно време, жена ќе биде врховен командант на вооружените сили

Шпанската принцеза Леонор пристигна на Пиринеите каде што наредниов период ќе ја продолжи својата воена обука. Фотографите ја фатија престолонаследничката на скијачка патека, покрај другите кадети.

– Како и во сите парламентарни монархии, престолонаследникот мора да има воена кариера. Во догледно време, жена ќе биде врховен командант на вооружените сили. Последниве неколку години вложуваме големи напори да ги вклучиме жените во вооружените сили, изјави министерката за одбрана на Шпанија, Маргарита Роблес.

Инаку, принцезата Леонор ја почна првата година од воената обука лани во август, објави „Блиц“.

Овој октомври таа положи заклетва и на тој начин го доби основниот услов да стане кралица на Шпанија. Во полната сала на шпанскиот Конгрес, на свеченоста на полагањето заклетва беа присутни бројни функционери, меѓу кои и премиерот на земјата, Педро Санчез. Според „Ел паис“, на настанот биле присутни 585 гости. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен