Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ИФИМЕС: Софија е во потрага по Бугари во Косово

Припаднички на етничките Горанци на Косово
Припаднички на етничките Горанци на Косово

Додека тензиите меѓу Србите и Албанците се во пораст, Бугарија ја користи моменталната ситуација на Косово за да „најде“ што повеќе Бугари на Косово и да им даде државјанство, пишува во анализата „Војна со дезинформации“ на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии ИФИМЕС со седиште во Љубљана во Словенија.

Анализата наведува дека Косово не е подготвено да спроведе попис на населението во согласност со стандардите на ЕУРОСТАТ во периодот од 1 ноември до 15 декември 2023 година, кој како статистичка операција е од важност за да се соберат веродостојни податоци и врз основа на кои би можел да се планира идниот развој.

Иако според методологијата на ОН при пописот на населението не е задолжително да се изјасни етничката и верската припадност на територијата на Косово, но и во регионот, оваа декларација е од најголем (национален) интерес за Косово.

И додека тензиите меѓу Србите и Албанците се во пораст, се нагласува во анализата на ИФИМЕС, Бугарија ја користи постојната ситуација за да „најде“ што повеќе Бугари на Косово и да им даде државјанство. Особено на удар се Бошњаците и Горанците, чиј број значително ќе се намали поради агресивноста на Бугарија, која од нив создава „нови Бугари“ токму со доделување државјанства и бугарски документи.

Бугаризацијата на Косово, истакнуваат во ИФИМЕС, е засилена токму поради пописот, затоа што Бугарија сака преку пописот да го легализира присуството на Бугарите во структурата на косовското население, а следниот чекор е да ја вклучи бугарската заедница во уставот, како што веќе се бара од Република Северна Македонија. Целта е Бугарите и официјално да станат еден од т.н немнозинските заедници во Косово, заклучуваат авторите на анализата.

Зачлени се на нашиот е-билтен