Крушево го доби градоначалникот уште вечерва: кандидатот на коалицијата предводена од СДСМ, Томе Христоски, освои 53,43% (1.176 гласа) и го мина прагот за победа во првиот круг. Зад него е Нико Чонески од коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ со 37,94% (835 гласа). Левица има 1,95% (43), а коалицијата ВЛЕН 1,77% (39 гласа). Формалната потврда следи по целосната обработка на записниците од ДИК, но разликата ја фиксира победата на СДСМ во „илинденското“ Крушево уште во првото излегување на гласачите.
Гласовите се пребројуваат во живо и можна е промена, во текот на раните утрински часови. За навремено известување, прочитајте го линкот подолу: