Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Илјадници борци од ирански фракции се подготвени да му се придружат на Хезболах во борбата против Израел

 Во случај на поширок конфликт, илјадници борци од иранските милитантни фракции се подготвени да дојдат во Либан за да ѝ се придружат на милитантната група Хезболах во борбата против Израел, тврдат претставници на ирански фракции и аналитичари.

Од избувнувањето на конфликтот во Појасот Газа меѓу палестинската милитантна група Хамас и Израел, речиси секојдневно се разменува оган долж либанската граница со северен Израел меѓу силите на проиранската милитантна група Хезболах и израелските одбранбени сили (ИДФ), пренесува Ал Џезира.

Ситуацијата во северниот дел на Израел се влоши овој месец откако во израелски воздушен напад загина висок воен командант на Хезболах во јужен Либан. 

Зачлени се на нашиот е-билтен