Има илјадници, црни се, на плажите е забележан феномен кој може да го зафати целото Јадранско Море: Се започна во Шведска!

Со месеци, илјадници мали црни пластични дискови фрлени покрај морето се трупаат на плажите во северниот и јужниот дел на Италија. Откритието го привлече вниманието на еколошките активисти загрижени за зачувувањето на морето.

Црните полиетиленски дискови доаѓаат од пречистителна станица за отпадни води во северна Италија.

Овие дискови, произведени во Шведска, се користат во постројки за третман на отпадни води. Нивното присуство во морето укажува на дефект во еден од системите.

Тие првпат се појавија на почетокот на годината на плажите во Росолина, во северната италијанска провинција Ровиго, а сега се пронајдени дури и во јужната провинција Апулија, што го поткрепува сомнежот дека влегле во Јадранското Море од пречистителна станица за отпадни води покрај реката Адиџе во северна Италија.

За оваа појава сега се информирани и карабинерите. Овој случај претставува особено подмолен облик на модерно загадување на животната средина: ослободување на индустриски микрокомпоненти кои незабележано стигнуваат до природата, предупреди Енцо Сума, основач на проектот „Археопластика“, кој со години го следи отпадот во морето долж јадранскиот брег.

Зачлени се на нашиот е-билтен