Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Има ли криза во Владата – Мицкоски со поддршка за човекот кој го нападна Николоски

Со овие луѓе очигледно не треба да имаме пријателски средби, дури и поврзани со операта рече пред едем месец лидерот на ГЕРБ, Бојко Борисов во изјава за медиумите, во врска со тензиите меѓу Софија и Скопје, посочи дека Македонија постапила „одвратно кон претседателот и министрите“.

Денеска пак премиерот Христијан Мицкоски им порача на бугарските граѓани да ја изберат најдобрата Влада што сметаат дека ќе работи во нивните интереси и што ќе промовира стабилност во регионот и добрососедски односи.

На прашањето кого би издвоил како подобар соговорник, дали Бојко Борисов од ГЕРБ или Кирил Петков, од Продолжуваме со промената (ПП), Мицкоски посочи дека со партијата ГЕРБ што ја води Бојко Борисов се во исто семејство, во Европската народна партија.

-Логично е да посакам уште една политичка партија што доаѓа од нашето семејство да победи на изборите во Бугарија, вели премиерот.

Борисов пак тогаш рече дека на лидерите во Македонија не им се јасни протоколарните работи и побара оставка од вицепремиерот и министер за транспорт и врски Александар Николоски по скандалот со неистакнување на македонско знаме при посетата на претседателката Сиљановска-Давкова и Муцунски во кабинетот на Радев.

– Точно е дека лидерите на РСМ од неодамна се во влада и не им се јасни протоколарните работи, немаат искуство. Но јазикот што го користат има само еден изговор – оставка на овој министер. Ако не го сторат тоа, ниту претседателот, ниту министрите, ниту партиите не треба да се видат или да разговараат со нив (членовите на македонската Влада). Очигледно не треба да се остваруваат пријателски средби со овие луѓе, дури и поврзани со операта, надвор од официјалните“, рече Борисов.


Утре, на 27 октомври гласачите во Бугарија по седми пат во последните три години ќе излезат на гласање да изберат нов Парламент.

Зачлени се на нашиот е-билтен