Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ИМА: Навивачкиот говор на омраза кој поттикнува насилство треба јавно да се осуди, а сторителите да се казнат

Говорот на омраза пред, за време, и по одржување на спортските натпревари причинува повеќекратни штети, а поттикнува и насилство. Институтот за медиуми и аналитика ИМА го осудува говорот на омраза и насилството пред и за време на одржување на фудбалскиот натпревар во Скопје помеѓу фудбалските клубови на Шкупи и Левски.

ИМА ги повикува надлежните институции да преземат казнени мерки, но и други мерки со кои во иднина ќе спречи повторување на говорот на омраза и насилството кое го поттикнува.

ИМА ги повикува политичарите и медиумите јавно да го осудат говорот на омраза по повеќе основи на фудбалскиот натпревар во Скопје помеѓу навивачите на фудбалските клубови Шкупи и Левски.

Потсетуваме, согласно Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, под насилство и недостојно однесување на спортските натпревари се смета (Член 3) и „пеење на песни или дофрлување на пораки кои предизвикуваат и поттикнуваат омраза или насилство врз основа на расна, национална и верска припадност или врз основа на други особини“.

Институтот за медиуми и аналитика ИМА потсетува дека во изминатиов период бевме сведоци на неказнување и на неспречување на екстремен говор на омраза (со повици на убиство врз основа на етничка припадност) на спортски натпревари.

Затоа ИМА ги повикува надлежните институции и спортските федерации да ги преземаат сите неопходни мерки не само за спречување, туку и за казнување на говорот на омраза пред, за време, и по одржување на спортските натпревари.

ИМА упатува апел до медиумите да известуваат одговорно за говорот на омраза пред, за време, и по одржување на спортските натпревари и да не шират дезинформации со кои може да се поттикне дискриминација, омраза и насилство.

Зачлени се на нашиот е-билтен