Има претставката од пратеничката Петровска до Комисјата за спречување и заштита од дискиминација, но ништо од извинувањето на Димитриеска Кочоска

„Претставката ја поднесувам затоа што на 27.02.2025 година, затоа што врз менебеше извршена фискриминација по основ на мојата брачна и семејна состојба. Со цел исполнување на мојата уставна обврска, а во согласност со Деловникот, на ден 27 февруари 2025 година, поставив три пратенички прашања во времетраење од 10 минути, при што првото прашање го поставив до Претседателот на Владата, г.Христијан Мицковски, второто до Министерката за финансии, г-ѓа Гордана Димитриеска Кочоска и третото до Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, г. Тимчо Муцунски.  На сите три прашања добив усмен одговор, при што при одговорот на второто прашање, упатено до Министерката за финансии ми беше одговорено со понижување и беше извршена дискриминација по основ на брачен и семеен статус“. Ова е извадок од претставката која пратен ичката на СДСМ, Славјанка Петровска ја испрати до Комисијата за заштита од дискриминација.

Минатата недела за време на собраниската седница резервирана за „пратенички прашања“ откако пратеничката Петровска и упати легитимно прашање на министерката Гордана Димитриеска-Кочоска од ВМРО ДПМНЕ во врска со потрошувачката кошничка, го доби следниот одговор:

„Пратеничке Славјанка Петровска, врз основа на што вие ги ставате в уста мајките што имаат деца и како знаете вие едно повеќечлено семејство колку треба да троши? Јас сум мајка на два сина и многу добро знам колку треба да троши едно 4-члено семејство“, одговори министерката по економија. 

По ваквата изјава на Димитриеска Кочоска жестоко реагираше и јавноста и дека истата навреда преставувала навреда кон сите жени.

До сега министерката Димитриеска Кочоска не упати извинување на пратеничката Петровска.

Зачлени се на нашиот е-билтен