Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ИМА: Заканите по живот и говорот на омраза кон новинарката Рита Бехадини се кривични дела, институциите да постапат итно

Институтот за медиуми и аналитика ИМА го осудува најостро говорот на омраза кој содржи закани со насилство упатени кон новинарката и активистка Рита Бехадини поради нејзин јавно изразен став за Фејсбук објава на свештено лице, и бара од надлежните институции итно да ги пронајдат сторителите и да покренат соодветни постапки за кривична одговорност.

ИМА изразува голема загриженост за заканите со насилство и говорот на омраза по повеќе основи, кои се зачестени во последно време, особено на социјалните мрежи.

Овие загрижувачки појави бараат многу поажурно постапување на надлежните институции за борба против говорот на омраза, но тоа не е доволно.

Потребна е сеопфатна општествена акција и соработка на институциите, граѓанските организации и медиумите за борба против говорот на омраза. Потребна е и едукација на граѓаните за штетните последици од говорот на омраза за целото општество, и за сите граѓани, без оглед на нивната припадност.

Институтот за медиуми и аналитика ИМА потсетува дека е етичка должност и на верските организации, како и на политичарите, јавно да го осудат говорот на омраза.

Зачлени се на нашиот е-билтен