Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

In memoriam: Џузепе Монтанари, уметникот кој 30 години го црташе Dylan Dog

Италијанскиот стрип уметник Џузепе Монтанари, еден од главните умови одговорни за креирањето на култниот стрип Dylan Dog, почина на 86-годишна возраст. Веста за смртта на уметникот е објавена на официјалната Фејсбук страница на издавачката куќа на споменатиот стрип, Sergio Bonelli Editore.

„Џузепе Монтанари нè напушти. Заедно со Ернесто Грасани нè поведе во бројни, незаборавни авантури на Dylan Dog“, објави издавачката куќа на Фејсбук.

Монтанари го имаше своето деби во серијата Dylan Dog веќе во третото издание, во епизодата Ноќ на полна месечина, во 1986 година. Уметникот е роден во Сан Џовани во Персицето, во провинцијата Болоња, на 26 ноември 1936 година. Во 1954 година, по завршувањето на средното училиште, тој започнал да работи со Студио Д’Ами, прво на вестернот I tre Bill, а подоцна цртајќи бројни вестерн приказни за списанијата Puppy и Tiramolla.

Во следната деценија, тој стана автор на насловни страници за Editoriale Corno, а потоа се посвети на еротските стрипови на Ренцо Барбиери и Џорџо Каведон. Во 1974 година, тој започна да работи за Lanciostory, цртајќи ја серијата Alamo Kid, а ја започна својата соработка со издавачката куќа Sergio Bonelli Editore кон крајот на седумдесеттите, создавајќи го стрипот Little Ranger врз основа на текстови на Децио Канци и Џорџо Пецино.

Во 1986 година се приклучува на тимот на Dylan Dog, каде заедно со Ернесто Грасани станува еден од најпознатите и најпрепознатливите карикатуристи, создавајќи 27 приказни од редовната серија од 1986 до 2017 година. Од декември 2021 година, пат заедно со Паоло Бацилиери, го цртаа и двомесечникот Dylan Dog Oldboy.

Извор: Index.hr / Редакција Трн

Зачлени се на нашиот е-билтен