Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Инциденти на протестот во Нови Сад, скршено стакло на вратите на Градското собрание

Црвена боја и камења беа фрлани кон Градското собрание на Нови Сад на протестот вечерта на кој неколку илјади луѓе бараат одговорност од властите за смртта на 14 лица при уривањето на настрешницата на Железничката станица во тој град што се случи на 1 ноември.

Скршено е стаклото на вратата од Градското собрание, а група маскирани лица фрлија пиротехнички средства внатре.

Полициски сили во опрема за разбивање демонстрации, стационирани во Градското собрание, одговорија со солзавец.

Миша Бачулов од Здружението на граѓани „Биди херој“, кој на последните избори беше кандидат за градоначалник на Нови Сад, ја повика толпата да не прави нереди.

Тој апелираше до полицијата да ги отвори вратите на Градското собрание за да ги предаде барањата на присутните на протестот.

Демонстрантите, кои се собраа на покана на парламентарните опозициски партии и здруженија на граѓани, бараат оставка од српскиот премиер Милош Вучевиќ и градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ, како и итно апсење и казнување на одговорните за несреќата на Железничка станица.

Тие бараат и јавен увид во договорот со кинескиот конзорциум кој ја реконструираше станицата.

Последното барање е да се објават други тајни договори со приватни компании кои се занимаваат со клучни инфраструктурни проекти во земјата.

Демонстрантите донесоа трактор со фекалии пред седиштето на градската власт и го истурија пред Градското собрание.

„Овие фекалии го симболизираат она што тие нам ни го прават со години“, рече Бачулов.

Претходно, неколку илјади луѓе ја блокираа раскрсницата пред Железничката станица и бараат да се утврди кривична, но и политичка одговорност по несреќата на Железничката станица.

На протест повикаа парламентарните опозициски партии и здруженија на граѓани.

Насобраните луѓе носат голем транспарент на кој пишува „Вие сте виновни, ќе одговарате“. Во првите редови се и фотографиите на загинатите во несреќата, меѓу кои има и деца. Толпата извикува „Оставка“, „Апсете“ и „Уапсете ја бандата“.

Во пресрет на собирот во Нови Сад беше распоредено силно полициско обезбедување.

Младите, меѓу кои беа и членовите на неформалната групи „Став“, во пресрет на протестот ги симнаа знамињата од просториите на Градскиот комитет на владејачката Српска напредна партија(СНС) и залепија фотографии од функционерите чија одговорност бараат на излозите, со порака „Корупцијата убива, ќе одговарате“.

Зачлени се на нашиот е-билтен