Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Индексот на индустриското производство на САД пораснал за 1 отсто во 2023 година

 Индексот на индустриското производсто на САД ги надмина очекувањата и во 2023 година се зголемил за 1 отсто, објавија денеска Федералните резерви (Фед). 

Производстото во декември се зголемило за 0.1 отсто, што е многу повеќе отколку во ноември, кога оценките укажуваа дека нема раст, се вели во изјавата на Фед (американската Централна банка). 

Според аналитичарите, овој индикатор се покажа многу поголем од пазарните очекувања кои укажуваа на мал пад. 

Растот е резултат на зголемувањето на обемот на производството во обработувачката и рударската индустрија што овозможи да се компензира падот во комуналното производство. 

Некои експерти сметаат дека фактор исто така е растежот на производството на автомобили по крајот на штрајкот на работниците во фабриките на Ford, General Motors и Stellantis кон крајот на октомври. 

На годишно ниво, индустриското производство до декември 2023 година пораснало за 1 отсто, благодарејќи на растот на рударската и обработувачката индустрија.

Зачлени се на нашиот е-билтен