Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Инфлацијата во еврозоната забавила во август

Инфлацијата во еврозоната благо забави во август под влијание на посилниот пад на цените на енергенсите, а растот на потрошувачките цени во Хрватска остана над просекот, покажаа во петокот податоците на Европскиот завод за статистика.

Во август годишната стапка на инфлација во еврозоната, мерена со усогласениот индекс на потрошувачките цени (HICP) изнесува 2,2 отсто, пресметаа статистичарите. Во јули инфлацијата изнесуваше 2,6 отсто.

Растот на цените во август го одразува растот на цените во услужниот сектор, за 4,2 отсто во однос на истиот месец лани. Цената на свежата храна порасна за 1,1 отсто, нешто посилно од претходниот месец, покажуваат пресметките на европските статистичари. Цените на енергенсите, пак, паднаа за 3,0 отсто, по растот од 1,2 отсто во претходниот месец.

Без цените на енергијата и свежата храна, годишната стапка на инфлација во еврозоната во август изнесувала 2,8 отсто. Истото поскапување е забележано и во јуни и јули.

На месечна основа, цените во еврозоната во август пораснале за 0,2 отсто, утврдиле во Eurostat. Кога ќе се исклучат енергијата и храната, тие се зголемени за 0,3 проценти.

Белгија сѐ уште е на врвот. Во август, Белгија остана на чело на земјите со најсилен годишен раст на цените, од 4,5 отсто, покажува извештајот на Eurostat. Следat Естонија и Холандија, каде што забележаа раст од 3,4, односно 3,3 отсто.

Најблаг годишен раст на цените, мерено со HICP, забележаа Литванија и Летонија, од 0,7 и 0,9 отсто, соодветно. Следуваат Финска, Словенија и Ирска со раст на цените од по 1,1 отсто, покажуваат табелите на Eurostat

Најново