Инфлацијата во ноември е четири проценти

Државниот завод за статистика ги објави последните податоци за индексот на трошоците на живот и цените на мало.

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во ноември 2025 година, во однос на октомври 2025 година, изнесува 0.5 %. 

Зголемувањето на инфлацијата во ноември 2025 година, во однос на октомври 2025 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи:  Транспорт за 1.7 %, Рекреација и култура за 0.9 %, Храна и безалкохолни пијалаци за 0.7 %, Мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата за 0.5 %, Ресторани и хотели, Здравје за 0.3 %, Алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.2 %, Комуникации, Облека и обувки и Домување, вода, електрика, гас и други горива за 0.1 %.

Трошоците на животот во групите Разновидни стоки и услуги и Образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на трошоците на животот во ноември 2025 година, во однос на ноември 2024 година, бележи зголемување од 4.0 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 3.0 %, соопшти Статистика.

Зачлени се на нашиот е-билтен