Инсекти и ларви во 22 тони киви од Србија, увозот стопиран

Инспекторите за храна го сопреа увозот на над 22.000 килограми киви од Србија, наменети за индустриска преработка, откако во пратката биле пронајдени ларви и инсекти.

Како што соопшти Агенцијата за храна и ветеринарство, органолептичкиот преглед покажал дека овошјето не е безбедно за увоз и понатамошна преработка. На увозникот му е издадено решение за нештетно уништување на спорната пратка, бидејќи истата не можела да се врати во земјата на потекло.

„Станува збор за 22.340 килограми киви кои по утврдувањето на присуството на ларви и инсекти, и променетите органолептички својства, се небезбедни за потрошувачите“, истакнуваат од Агенцијата.

Овој случај повторно го отвора прашањето за контрола на увозот на храна и безбедноста на преработувачката индустрија во земјава.

Зачлени се на нашиот е-билтен