Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Инспектори утврдиле дека Украина била нападната со ракета од Северна Кореја во 2018 година

Шефот на истражувачката организација која од 2018 година го испитува потеклото на оружјето користено во руските напади врз Украина, пред Советот за безбедност на ОН изјави дека организацијата „неспорно“ утврдила дека балистичката ракета, чии остатоци се пронајдени во Украина оваа година, е од Северна Кореја, објави АП.

САД и нивните западни сојузници се судрија со претставниците на Русија и Северна Кореја на вчерашниот состанок на Советот за безбедност на ОН, бидејќи тие тврдеа дека двете земји го прекршуваат ембаргото на ОН за извоз на оружје од Северна Кореја.

Русија ги отфрли овие тврдења како „неосновани“, а Северна Кореја ја оцени како „крајно дрска“ дискусијата за „наводното нечие ‘префрлање на оружје’“.

Џона Леф, извршен директор на организацијата „Conflict Armament Research“, на состанокот на Советот за безбедност презентираше детална анализа на проектилот што го погоди украинскиот град Харкив на 2 јануари оваа година.

Тој истакна дека оваа организација го анализирала моторот на ракетата, делот околу опашката и околу 300 компоненти произведени од 26 компании од осум земји и територии, откривајќи дека станува збор за ракета КN-23 или КN-24 произведена во 2023 година во Северна Кореја.

Таа дошла до заклучоци врз основа на уникатните карактеристики на оваа ракета, дијаметарот, патеката на потисок, анализата на местото каде што паднала, корејски букви на делови од ракетата и други ознаки и делови кои датираат од 2023 година.

Леф рече дека нивните тимови испитале уште три идентични севернокорејски ракети кои ги погодија Кијив и Запорижја исто така оваа година.

Тие забележале и конвенционално оружје, вклучително и артилериски ракети произведени во 1977 година, запленети на линијата на фронтот и претходно незабележани на бојното поле во Украина, произведени од Северна Кореја и веројатно дел од неодамнешната поголема пратка ракети.

Советот за безбедност вчера го разгледа нелегалниот трансфер на оружје од Северна Кореја на барање на Франција, Јапонија, Јужна Кореја, Велика Британија и САД.

Состанокот уследи по руското вето воведено на 28 март, со кое заврши надзорот на тим експерти на ОН за спроведување на санкциите против Северна Кореја поради развојот на нејзината нуклеарна програма.

САД и нивните европски и азиски сојузници ја обвинија Москва дека се обидува да го избегне надзорот додека наводно ги прекршила санкциите со купување оружје од Пјонгјанг за нејзината војна против Украина.

Иако мандатот на експертите на ОН за следење на спроведувањето на санкциите кон Северна Кореја е истечен, чија работа беше продолжувана од 2009 година со поддршка на Русија, шефот на службата за разоружување на ОН, Изуми Накамицу, вчера во Советот за безбедност изјави дека важно е да се истакне дека Комитетот на Советот за безбедност задолжен за следење на спроведувањето на санкциите против Северна Кореја продолжува да работи и ќе продолжи да го следи спроведувањето на режимот на санкции.

Заменик американскиот амбасадор Роберт Вуд нагласи дека експертската презентација на Леф со технички детали е многу убедлива и дека независните наоди на организацијата на Леф ги потврдуваат извештаите и анализите на други извори.

„Како постојана членка на Советот за безбедност, Русија има одговорност да го поддржи и зајакне меѓународниот мир и безбедност. А сепак Русија лансира балистички ракети кои незаконски ги набавила од Северна Кореја против украинскиот народ“, рече Вуд.

ЦивилМедиа

Зачлени се на нашиот е-билтен