Видеaта од интервјуто на Заменик-помошникот секретар на САД, Габриел Ескобар за Атлантски совет, во кои тој зборува за најновите предизвици за Западен Балкан и ја посочува Северна Македонија за пример како се справи со поднесувањето на својата ЕУ кандидатура, достигнаа над 400.000 прегледи на Инстаграм профилот на ЦивилМедиа.
Ескобар, меѓу другото, нагласи дека сите реформи кои беа потребни за да се отвори првата врата се спроведени и затоа верува дека оваа влада има волја, а граѓаните на Северна Македонија имаат капацитет да го направат она што е потребно за да станат полноправна членка на Европа.
Социјалните профили на ЦИВИЛ и медиумската платформа ЦивилМедиа, Фејсбук страницата, Твитер профилот, како и Јутуб каналот, се добро познати како простор преку кој граѓанките и граѓаните можат секојдневно да пристапат до медиумските содржини, видео објави, фотографии, да даваат свои предлози, ставови, критики и пофалби.