Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Интернет хаваријата во светот се прошири и во САД, Индија и Јапонија

Интернет хаваријата во светот се прошири и на САД, Индија и Јапонија. Во Велика Британија во прекин се и онлајн плаќањата и услугите на големи компании за интернет трговија и услуги.

Сите летови на неколку големи авиокомпании во САД вклучувајќи ги „Делта“, „Јунајтед“ и „Американ Ерлајнс“ денеска се откажани поради проблеми во комуникацијата, соопшти Федералната управа за авијација (ФАА).

Приземјувањето на авионите влијае на сите летови на авиокомпаниите, без оглед на нивната дестинација, соопшти Федералната управа за авијација, според Си-Ен-Ен.

Не е јасно кога ќе продолжат летовите, а Федералната управа за авијација најави со ново соопштение по тој повод. 

Зачлени се на нашиот е-билтен