Левица во интерпелацијата доставена до претседателот на Собранието, Африм Гаши, посочуваат дека ја поднесуваат поради непочитување на уставните и законските обврски.
Интерпелацијата ја засноваме на следниве индиции, факти и правно-релативни наводи: селективни кривични истраги за трагедијата во Кочани, логистички влијанија врз работата на Јавното обвинителство, функционален хаос во Вишото јавно обвинителство-Скопје, непостапување по службена должност за дивоградбите на урбаната мафија во Скопје, се вели во интерпелацијата објавена на веб-страницата на Собранието.
Додаваат дека од почетокот на мандатот на јавниот обвинител Коцевски „во Јавното обвинителство владее нефункционална и токсична атмосфера, неажурност во постапките, а забележани се и надворешните политички влијанија врз неговата работа“, за што сметаат дека е одговорен Коцевски.