Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Интервјуто на Харис за „Фокс њуз“ ги разголи републиканските стравови и комплекси

Вашингтон,17/10/2024 Интервјуто на Камала Харис за конзервативната американска телевизја „Фокс њуз“ синоќа, редок настан во кој истакнат демократ седнува пред камерите на главната конзервативна национална телевизија, го отслика сиот политички товар на ретроградните тенденции што повеќе од една деценија виреат во републиканскиот естабилишмент.

Овој период, неслучајно, се совпадна со подемот и тврдоглавото опстојување на Доналд Трамп на американската политичка сцена, до 2014 година сметан за аутсајдер и несериозен политички шоумен.

Наместо за еконономија и надворешна политика, разговорот меѓу Бред Бајер, главен политички водител на „Фокс њуз“, и демократскиот претседателски кандидат Камала Харис, заглави со надвикување и многу прекинувања околу прашања за имиграцијата, апсурдната тема за промена на полот кај затворениците, разликите меѓу неа и претседателот Џо Бајден и реториката и менталните способности на Трамп и Бајден. Прилично бесцелно, со оглед на тоа што од получасовниот разговор, на прашања за социјалата и економијата се одвои само неколку минути

Судирот околу имиграцијта

Имиграцијата е најчувствителната тема за Американците на овие избори, и клучна за многу републикански гласачи.

Бајер побара од Харис да процени „колку милиони илегални имигранти“ администрацијата на Бајден „пуштила во земјата… Три, пет, шест милиони? Дајте ми конкретна цифра“, настојуваше тој, но Харис очигледно избегна да говори за цифри. Ја праша дали ќе им се извини на семејствата на две девојки кои биле убиени од страна на венецуелски незаконски имигранти и прикажа видео од жена која ја обвини администрацијата на Бајден за смртта на нејзината ќерка.

 „Многу ми е жал за нејзината загуба — искрено,“ рече Харис. Таа призна дека американскиот имиграциски систем треба да биде „поправен“. Истакна и дека Трамп блокирал тешко усогласен двопартиски предлог-закон за безбедност на границата, претставувајќи го нејзиниот ривал како некој што „преферира да се кандидира на проблеми наместо да ги решава истите.“

За операциите за промена на полот кај затворениците

Републиканците не можат да ја смислат политика за слободен избор на идентитети на демократите. На пример, во некои прогресивни сојузни држави како Калифорнија или Њујорк трансполовите ученици может да користат посебни или тоалети за женски пол. Џеј-Ди Венс, кандидатот за потпретседател на Трамп, често говори за ова како „деградација на традиционалните вредности“ и огнено ја брани конзервативната одлука на Врховиот суд на САД од пред две години за проширување на забраните за абортус на национално ниво. Митингува за забрана за промена на полот кај малолетници, ограничување на користење на медикаменти за запирање на пубертетот итн. Тоа се толку споредни работи што ги засега мал број Американци, но републиканците ова го ставаат на врвот од своите политички агенди и говори.

Оттука, Бајер ја праша Харис за стар закон донесен уште пред првиот мандат на Трамп со кој се дава право промена на полот кај затворениците.

Тој  пушти реклама од кампањата на Трамп во која Харис дава изјава дадена одамна, за подршката за користење на јавни фондови за операциите за промена на полот јах затвореници и ја праша дали сè уште ја подржува таа политика.

– Ќе го следам законот, а тоа е закон што Доналд Трамп всушност го следеше,“ одговори Харис. Додаде дека „под администрацијата на Доналд Трамп, овие операции беа достапни на основа на лекарските наоди на лицата во федералниот затворски систем,“ споредувајќи ја рекламата со „фрлање … камења кога живееш во стаклена куќа.“

Харис го обвини Трамп дека се обидува да „создаде чувство на страв кај гласачите“ и рече дека ова е „далечна“ тема за повеќето Американци.

Разликата меѓу неа и Бајден

Бајер ја притисна Харис околу тоа како нејзините политики би се разликувале од оние на нејзниот шеф Бајден. Пушти видео од неодамнешно интервју за „Еј-Би-Си“ , каде таа изјави дека „нема нешто што би го направила поинаку“ од Бајден. Подоцна во истото интервју, таа повтори ветување дека би назначила републиканец во кабинетот доколку биде избрана.

Тој истакна дека еден од нејзините митиншки слогани кажува дека е време да се „сврти нова страница,“ и праша: „Вие сте потпретседателка веќе три и пол години. Од што свртувате нова страница“?

Харис овојпат се обиде појасна да се одвои себе си од Бајден велејќи: „Дозволете ми да бидам јасна, моето претседателство нема да биде продолжение на претседателството на Џо Бајден.“

Таа додаде дека поголемиот дел од нејзината кариера го нема поминато во Вашингтон и дека ќе донесе свои лични и професионални искуства, како и „свежи и нови идеи“ во Белата куќа.

Реториката на Трамп

Додека дебатираше со Бајер за реториката на Трамп, Харис ова го правеше со емоции. Реториката на Трамп рече таа, ја „исцрпи“ јавноста во САД.

Бајер праша: „Зошто, ако е толку лош како што велите, половина од оваа земја сега го подржува?“ Потоа праша дали таа верува дека неговите подржувачи се „заведени“ или „глупави.“

Харис одговори дека никогаш не би го кажала тоа за американскиот народ и дека „тој е тој кој зборува за ‘непријател одвантре’… и  дека ќе ја употреби „војската против американскиот народ.“

Менталната способност на Бајден

Бајер ја праша Харис кога првпат забележала дека менталните способности на Бајден изгледаат ослабени и зошто рекла дека е способен да продолжи да ја извршува функцијата претседател пред да се повлече од трката.

-Џо Бајден не е тој кој се номинира за претседател. Тоа е Доналд Трамп,“ додаде таа, свртувајќи го разговорот на Трамп и кажа дека тој е  „неспособен“ за таа функцијата.

По прашањето за тоа кој таа го смета за најголема надворешна закана за САД, Харис одговори дека тоа е Иран, и сосема кратко се осврна на војната на Израел на Блиски исток против Хамас и Хезболах, подржани од Техеран.

Борис Камчев за Рацин.мк од Вашингтон

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново