Новинските агенции Ројтерс и АФП известуваат за експлозиите што се слушнале над Доха.
Иран лансираше проектили врз американска база во Катар и уште еден проектил во американска база во Ирак како одговор на нападите на Вашингтон врз нуклеарните локации во земјата, објавија државните медиуми.
Инаку, Катар е дом на најголемата американска воена база на Блискиот Исток. Ал-Удаид е седиште на американскиот Centcom за сите нивни воздушни операции, каде британскиот воен персонал исто така служи на ротација.
NOW: 🚨 Doha, Qatar. pic.twitter.com/HB6e0yQ4T3
— Iran Military ( Commentary) (@IranMilitary_ir) June 23, 2025
Според Стејт департментот, таму живеат близу 8.000 американски граѓани.