Иран ги повика жителите на израелскиот град Хаифа да се евакуираат, јави Иранската државна телевизија.
„Пред неколку минути беше издадено предупредување за евакуација на ционистичките доселеници во Хаифа за да се заштитат од ирански проектили“, објави иранската телевизија, емитувајќи натпис на хебрејски јазик.
Претходно, иранската Револуционерна гарда ги предупреди жителите на Тел Авив да се евакуираат. По предупредувањето, иранските медиуми објавија дека Иран лансирал хиперсонични ракети Фатах кон Израел.