Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Иран го осуди на смрт раперот Таталу за боголулење на пророкот Мухамед

Иранскиот суд го осуди на смрт популарниот пејач Амир Хосеин Магсудлу, познат како Таталу откако беше осуден за богохулење, јавуваат локалните медиуми, на кои се повикува британски Гардијан.

„Врховниот суд го прифати приговорот на обвинителот“ на претходната петгодишна затворска казна за прекршоци, вклучително и богохулење, објави во неделата реформистичкиот весник „Етемад“.

Се вели дека „случајот бил повторно отворен, а овој пат обвинетиот бил осуден на смрт за навреда на пророкот“, мислејќи на пророкот на исламот Мухамед.

Во извештајот се додава дека пресудата не е правосилна и дека може да се обжали.

37-годишниот андерграунд музичар живееше во Истанбул од 2018 година пред турската полиција да го предаде на Иран во декември 2023 година.

Оттогаш тој е во притвор во Иран.

Таталу, исто така, беше осуден на 10 години за промовирање „проституција“, а во други случаи беше обвинет за ширење „пропаганда“ против Исламската Република и објавување „непристојна содржина“.

Тетовиранаиот пејач, познат по комбинирањето на рап, поп и R&B, претходно беше обвинуван од конзервативните политичари за влијание врз младите, либерално настроени Иранци.

Таталу дури имаше непријатна телевизиска средба во 2017 година со ултраконзервативниот ирански претседател Ебрахим Раиси, кој подоцна загина во хеликоптерска несреќа.

Во 2015 година, Таталу објави песна за иранската нуклеарна програма која подоцна се разоткри во 2018 година за време на првото американско претседателство на Доналд Трамп.

Зачлени се на нашиот е-билтен