Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Иран и Бахреин ќе ги обноват дипломатските односи

– Иранската државна новинска агенција (ИРНА) денеска објави дека Иран и Бахреин се согласиле да разговараат за обнова на билатералните дипломатски односи.

Шефот на иранската дипломатија Али Багери Кани и неговиот колега од Бахреин, Абдулатиф Рашид ал Зајани на маргините на самитот на Азискиот дијалог за соработка, што се одржа во Техеран разговарале за создавање на рамка за почеток на разговорите за условите за обновување на дипломатските односи.

Тоа е втора посета на ал Зајани на Техеран за еден месец. Бахреин ги прекина дипломатските односи со Иран откако Саудиска Арабија ги прекина дипломатските односи со Техеран откако Ријад го погуби опозицискиот шиитски свештеник и по нападот врз саудиското дипломатско претставништво во Иран во 2016 година. Техеран и Ријад ги обновија дипломатските односи во 2023 година.

Зачлени се на нашиот е-билтен