Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека нападите на САД врз нуклеарните постројки на Иран се „неосновани“ и претставуваат голема закана за глобалната безбедност. Тој нагласи дека Русија ќе се обиде да му помогне на иранскиот народ, но не прецизираше како.

Рускиот претседател Владимир Путин и иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи пред три дена се сретнаа во Москва, а Иран побара поголема помош од Русија во контекст на сегашниот конфликт со Америка и Израел.
Путин го прими иранскиот министер за надворешни работи Абас Арагчи во Кремљ, кој, според изворите, му предал писмо од врховниот лидер ајатолахот Хамнеи со барање за поголема руска поддршка. Сепак, од Москва не дојде официјална потврда.

Според извештаите од Техеран, Иран не е задоволен од досегашната поддршка на Русија и Кина и очекува поконкретни чекори против САД и Израел.
Иако Русија потпиша стратешки договор со Иран во јануари, тој документ не предвидува меѓусебна воена помош, а Путин, зафатен со војната во Украина, покажува ограничен интерес за конфликт со САД околу Иран.