Иранска организација за човекови права: Во израелските напади врз Иран загинале повеќе од 450 луѓе

Непрофитната организација „Хјуман рајтс активистс ин Иран (Human Rights Activists in Iran), која го следи бројот на цивилни и воени жртви, соопшти дека над 450 луѓе се убиени во изминатите четири дена во израелските напади.

Според податоци на организацијата, загинале 224 цивили, а 188 се повредени, а убиени се 109 ирански војници, а повредени се 123.

Исто така 119 жртви сè уште не се идентификувани, а исто така се повредени 335 луѓе, за кои сè уште не е познато дали се војници или цивили.

Според иранската организација за човекови права, вкупниот број на загинати изнесува 452, а повредени се 646 лица. 

Зачлени се на нашиот е-билтен