Иранската Нобеловка доби уште седум години затвор

Иранската добитничка на Нобеловата награда за мир, Наргес Мохамади, е осудена на уште неколку години затвор, изјави нејзиниот адвокат. Активистката за човекови права ја објави пресудата од затвор во североисточниот град Машхад, напиша нејзиниот адвокат Мостафа Нили на платформата X.

Мохамади, која ја доби Нобеловата награда за мир во 2023 година, беше осудена на дополнителни шест години затвор за заговор и година и пол за пропагандни активности, изјави нејзиниот адвокат. Како дополнителна казна, ѝ беше забрането да ја напушта земјата две години и беше протерана во малиот град Хосф.

Мохамади веќе е осуденa на неколку години затвор. Нили напиша дека со оглед на нејзината здравствена состојба, очекува Мохамади да биде ослободена со кауција.

Таа беше однесена во клиника пред три дена поради нејзината многу лоша физичка состојба, а потоа вратена во притвор. Активистката беше уапсена на погреб во Машхад на почетокот на декември, околу две недели пред да избувне најновиот бран протести во Иран. Претходно беше на условна казна околу една година.

Зачлени се на нашиот е-билтен