Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Иранската револуционерна гарда ги предупреди САД дека секој чин против Иран ќе има „реципрочен“ одговор

Иранската Исламска револуционерна гарда (ИРГЦ) издаде предупредување до САД во кое вели дека на секоја поддршка или учество во акции против интересите на Иран ќе биде одговорено со решителен одговор.

ИРГЦ соопшти дека ги смета САД одговорни за, како што ги нарече, „злобните дејствија“ на израелската влада.

– Секоја закана од терористичката држава Америка и ционистичкиот режим од која било земја ќе биде проследена со реципрочен и пропорционален одговор од Исламската Република Иран на изворот на заканата, соопшти ИРГЦ.

Американските системи за противвоздушна одбрана на Блискиот исток ноќва пресретнаа ирански беспилотни летала насочени кон Израел.

Треба да знаете
Moже да ве интересира