Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Ирански функционер: Улогата на Јордан во одбраната на Израел е стратешка грешка

Заменик-претседателот на Комитетот за национална безбедност и надворешна политика на Иран во интервју за иранската полуофицијална новинска агенција Мехр, ја критикуваше одлуката на јорданската влада да го отвори својот воздушен простор за Израел со цел да се одбрани од иранските напади.

Јордан, кој се наоѓа меѓу Иран и Израел, подготви противвоздушна одбрана за пресретнување на секакви беспилотни летала или проектили кои би ја нарушиле неговата територија за време на нападот на Иран врз Израел во саботата вечерта, изјавиле два регионални безбедносни извори за новинската агенција Ројтерс, пренесува Ал Џезира.

Јордан соопшти дека пресретнал некои летечки објекти кои влегле во неговиот воздушен простор за да ја заштити безбедноста на граѓаните, се вели во владиното соопштение.

– За тоа време на неколку места паднаа шрапнели, без да предизвикаат значителна штета или повредени граѓани, се додава. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира