Исчезна Христијан Мицкоски, пет дена го нема во јавност

Пред почетокот на кампањите за претседателските и парламентарните избори од јавноста изчезна лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

На профилите на социјалните мрежи на Мицкоски последната објава од опозицискиот лидер е на 17 март, кога честита Прочка, а од истиот датум е и последната објава во која се споменува Мицкоски на сајтот на партијата. Ден претходно тој бил на годишнина од формирањето на Демократската партија на Србите.

Во меѓувреме, со јавни настапи примарна улога зазема потпретседателот Александар Николоски. Тој дури беше и човекот кој кажа кој ќе биде носител од ВМРО-ДПМНЕ во изборната единица пет, иако тоа обично го прави претседателот на партијата.

Додека го нема Мицкоски, јавноста коментира и за поднесената кандидатура за претседател на Гордана Силјановска-Давкова, која наместо со граѓански потписи е единствена кандидатка која на изборите „ќе трча“ со поддршка од 30 пратеници.

Во јавноста се погласно коментираат дека веројатно ВМРО-ДПМНЕ се исплашени дека при верификацијата на наводно собраните потписи, ќе се увидат неправилности и фалсификати, па одлучиле да не ризикуваат. Но, ваквиот потег отвора дополнителни прашања, бидејќи граѓаните сега се загрижени како на партија на која што не може да ѝ се верува за бројот на собрани потписи за претседателски кандидат ќе може да ѝ се верува за останати и поважни работи за иднината на државата.

Останува прашањето каде исчезна Мицкоски во период кога се разгоруваат дебатите во земјава и кога сите партии се подготвуваат за двојните избори.

Треба да знаете
Moже да ве интересира