Семејството на Виктор Илиоски од Прилеп апелира до јавноста за помош во потрагата по него, откако, според објави на социјалните мрежи, му се губи трагата од саботата попладне.
Според досегашните информации, Виктор последен пат бил виден во сабота, 14 февруари 2026 година, околу 14:00 часот. Во моментот на исчезнувањето, бил облечен во тегет јакна (вентијага), црни тренерки и сиви патики.
Регионалниот медиум што ја пренесе објавата наведува и контакт телефон за информации: 076 303 292. Семејството ги повикува граѓаните доколку имаат било каква трага, да се јават веднаш, а паралелно да ја известат и најблиската полициска станица.