Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Исланд е првата европска земја и членка на НАТО која ја затвори својата амбасада во Русија

Исланд денеска ја затвори својата Амбасада во Москва, со што стана првата европска земја што презеде таква мерка, а во исто време најави дека го засилува своето присуство во Украина.

Сепак, Исланд нагласи дека не станува збор за прекин на дипломатските односи.

-Откако ќе се создадат услови, Исланд ќе му даде приоритет на враќањето на активностите на Амбасадата во Москва, се наведува во соопштението на исландското Министерство за надворешни работи.

Во посебна изјава, Министерството наведе дека Исланд планира да го зголеми своето присуство во Украина како знак на солидарност со Киев, сè додека таму трае „нелегитимната руска агресија“. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен