Истрага: Путин сноси морална одговорност за смртта на Британка отруена со Новичок

Британската истрага која беше објавена денска ја објави Ројтерс, покажува дека рускиот претседател Владимир Путин сноси „морална одговорност“ за смртта од труење во 2018 година на Британката, Доун Стерџис

Рускиот претседател Владимир Путин сноси „морална одговорност“ за смртта од труење во 2018 година на Британка по неуспешниот обид за атентат врз поранешен руски двоен агент во Англија, откри британската истрага која беше објавена денска.

Според извештајот на истрагата, Доун Стерџис, (44),почина во јули 2018 година откако беше изложена на нервниот агент Новичок, четири месеци откако беше употребен против поранешниот агент Сергеј Скрипал, во обид за напад одобрен од Путин.

„Ризикот дека други, освен наменетата цел, Сергеј Скрипал, би можеле да бидат убиени или повредени бил „целосно предвидлив“, објави Ројтерс, повикувајќи се на извештајот.

Зачлени се на нашиот е-билтен