За протекувањето на информации, во врска со Нобеловата награда ќе се поведе истрага. Сомневањата паѓаат врз Нобеловиот комитет.

Нобеловиот институт денес започна истрага за можно протекување информации за имињата на овогодинешните добитници на наградата за мир, објави „Фајненшл тајмс“.
Причината за започнување на истрагата беше ненадејното зголемување на онлајн обложувањето на венецуелската активистка Марија Корина Мачадо неколку часа пред официјалното објавување на името на лауреатот, соопшти Нобеловиот институт, пренесува „Тас“.
На Полимаркет, еден од најголемите светски пазари за обложување, шансите Мачадо да победи беа само 3,7 проценти до денес, но утрово необјасниво скокнаа на 31,5 проценти.
„Фајненшл тајмс“ истакнува дека ниту медиумите ниту експертите не ја вклучиле Мачадо во тесниот круг на фаворити.
Вкупно 338 кандидати – 244 поединци и 94 организации – се номинирани за овогодинешната Нобелова награда за мир. Меѓу нив, според медиумските извештаи, се американскиот претседател Доналд Трамп, шведската активистка Грета Тунберг, Светската здравствена организација и генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш.
Церемонијата на доделување на наградите ќе се одржи во Осло на 10 декември, на годишнината од смртта на Нобел. Наградниот фонд за секоја категорија оваа година е 1,17 милиони долари.